Орав: Случајот „Заев“ е голем тест за државните институции

by Фокус

Шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Аиво Орав, по средбата со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, истакна дека делегацијата на ЕУ многу внимателно ќе следала што ќе се случува во периодот што следи.

Орав порача дека очекува неазвисно и транспарентно водење на судската постапката, а интересот на Европската унија бил голем зошто во случајот се инволвирани и премиерот Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Орав и Заев разговарале и за можноста за нормализирање на политичкиот дијалог иако условите не давале можност за чекор напред. Орав порача дека како шеф на делегацијата на ЕУ во земјава сакале да им помогнат и на двете политички партии и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

-Дојдов овде за да го видам лидерот на опозицијата, г. Зоран Заев и неговите колеги. Тој ме информираше што се случи за време на викендот. Ова е потенцијален случај во кој се инволвирани премиерот и лидерот на опозицијата на оваа земја и со оглед на високиот профил на овој потенцијален случај, со оглед на фактот што оваа земја е земја кандидатка за членство во ЕУ, ние посветуваме големо внимание на овој потенцијален случај и ние ќе го следиме многу сериозно. Тоа ќе биде голем  тест за државните институции. Тоа ќе биде големтест за медиумите и за земјата. Можам само да се повикам на соопштението од ЕУ во саботатата попладне, дека очекуваме независност и транспарентност при истрагата и во судската процедура. Потоа, дискутиравме и за политичкиот дијалог, можеби во овие опкружувања е малку чудно да се зборува за политички дијалог, но ние, ЕУ, сме овде и се обидуваме да им помогнеме на обете страни колку што е можно повеќе нормализирање на состојбата, изјави Орав по средбата со Заев.

 

Поврзани новости