Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел испрати апел до македонската опозиција да не го блокира добриот почеток на новата влада и да не одбива конструктивна соработка со власта, соопштија од германското МНР по средбата на Никола Димитров со неговиот германски колега Зигмар Габриел.
-Сакам да испратам апел до актуелната опозиција да не го блокира овој добар почеток на новата Влада и да не одбива конструктивно да соработува со неа, бидејќи сето ова нема да биде на сметка само на европската перспектива на земјата, туку и на граѓаните во земјата, кои се надеваат на видлив напредок и на подобрување во нивните животи, рекол Габриел.
Тој подоцна на Твитер напиша: „Импресивен старт на новата влада во Македонија. Сега е клучно да се имплементираат реформите.“