515
Битолски активисти со герила-акција празнично го поздравија градоналачникот Владимир Талески.
„Поголема провизија за повеќе станови! Ви благодарам битолчани – Владимир Талески” – е испишано на платното кое вчера се најде на зелениот мост во Битола.
Слични герили деновиве имаше и во Прилеп, Струмица, Велес, Тетово и Куманово. Како што велат активистите, целта да се прикаже ставот на граѓаните за вистинските мотиви кои стојат зад т.н „патриотска“ борба за Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.