Судија – колку тоа г(о)рдо звучи!

by lali

Овие денови рамислувам на судиите. Тоа ми го побуди судијаката Димишкова којашто издаде судска наредба за влез во УБК, а истото беше поздравено со големо воодушевување од граѓаните. Секоја чест на нејзината храброст, иако таа стори нешто кое треба да биде нормално кога станува збор за судовите и судиите.

 

Но, што е со другите судии? Со повеќето од нив? Преставете си, голем дел од својот живот го поминале во учење, жртвувале премногу за да дојдат до таа висока позиција – судија, за на крај толку лесно да паѓаат под пристисоци и да бидат колебливи кога треба да се суди во име на правдата. Па зошто тогаш станале судии? Поради платата, поради останатите придобивки, или поради подароците? За што? И згора на се, се пожалиле дека им се вршело притисок? Епа ако не можат го поднесат притисокот, тогаш зошто не се откажале, зошто не дале отказ?

 

Во моменти кога се кршaт копјата во Македонија, дали државата ќе продолжи да живее во заложништво на корупција, терор и притисок или пак конечно еднаш ќе се спротистави на сето тоа во име на правдата, зависи од сите нас. Oд граѓаните, од СЈО и од судиите!

Поврзани новости