Милошоски: Јанева ја девалвира фелата на јавни обвинители

by fokus

 Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска распали со критики и обвинувања кон Специјалното јавно обвинителство.

– Катица Јанева и нејзиниот тим не само што го претворија Специјалното јавно обвинителство во партиска испостава на СДСМ, туку без било каков пардон се повеќе симпатизери, внуци, роднини, пријатели и други луѓе, вдомуваат на државен буџет. Со ваквите постапки, госпоѓата Јанева ги потврди мислењата на граѓаните дека СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам – обвини Милошоски.

Милошоски вели дека Катица Јанева заборава дека е избран функционер и дека не раководи со приватна фирма за да може да вработува кого сака и како сака, туку работи со државна институција основана од Собранието која што треба да даде отчет и пред институциите и пред граѓаните.

-Дали е точно дека СЈО отпочнала со поширока акција за вработување и наградување на сите оние кои што учествуваа во платеничката револуција на СДСМ и Сорос? – праша Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ, посочи, го поддржа формирањето на СЈО, но немаме намера да поддржуваме и да оправдуваме вакви постапки коишто ја девалвираат правната фела, постапки на госпоѓата Јанева коишто ја девалвираат фелата на јавните обвинители и постапки преку кои што СЈО станува партиска испостава и место за вработување на блиски роднини.

Поврзани новости