689
Неколку минути пред најавената герила-акција на Шарената револуција, вечерва пред канцелариите на СЈО имаше контра-герила.
На улицата пред СЈО расфрлани беа банкноти со ликови на активисти од Шарената револуција.
Демонстрантите на Шарената револуција, како одговор на асфалтот испишаа “плагијатори некреативни”.
Тие ќе нацртаат и голема „единица” на булеварот Климент Охридски, со која ќе порачаат дека утре истекува рокот за нивниот ултиматум.