Доктори на науки чекаат на листата за вработување

by fokus

Вкупно 14 135 невработени лица со високо образование чекаат на листите на Агенцијата за вработување. Од нив, 31 се доктор на науки, а 927 лица се магистри.

Најголем дел од докторите на науки и магистрите се од филозофските науки, економисти и правници.

Инаку, трендот на зголемување на бројот на магистри и доктори на науки и натаму е во пораст. Само лани докторирале 246 лица, а над 2 200 станале магистри.

Од Министерството за образование и наука пак, годинава најавија дека новиот состав на Одборот за акредитација и евалуација ќе го проверува целиот процес и квалитетот на магистерските и докторските студии.

Поврзани новости