438
Битолските шарени револуционери вчера спроведоа нова герила акција. Тие истурија детергент во фонтаната со штитот на Филип Втори на плоштадот Магнолија и порачаа: За почиста Битола, затворете го градоначалникот, ова е перална кај којно.
Во пената која се направи од детергентот ставија и пасош и напишаа „За 2че (Двојче) извини шо се видовме“.
Оваа герила акција следува откако вчера Кривичниот суд му го одзема пасошот на Талески како мерка за обезбедување.