Во 18 часот блокада пред Сити мол за зелен Карпош

by fokus

Граѓанските иницијативи  „Ние сме Карпош 4“ и „Зелено Тафталиџе“ за денеска попладне во 18 часот најавија блокирање на раскрсницата пред Сити мол. Тие ќе организираат  „Марш за зелен Карпош“, со кој сакаат да укажат на „самоволието на локалната самоуправа на општина Карпош, која нетранспарентно и со негрижа се обидува да интервенира во урбанистичкиот план“.

Рутата на маршот ќе биде од Сити мол кон паркот на улица Букурешка во Тафталиџе, каде ќе се одржи отворена дискусија.

Барањата на жителите на Карпош се стопирање на сите нови урбанистички планови, да се спречи реализацијата на планот кој предвидува на местото на паркот на Букурешка да се изгради зграда, како и граѓаните да бидат вклушени во одлуките што влијаат на нивните секојдневни животи.

Поврзани новости