Група граѓани и активисти од невладини организации денеска направија герила акција, при што поставија картонска ограда пред оградата од ковано железо, која деновиве се подигна пред Влада. Според нив, на овој начин се оградуваат од, како што велат, криминалите и злоупотребите за кои се обвинети владините функционери.
– „И ние се оградуваме од вас – велеше графитот на картонската ограда.
Активистите пресекоа и црвена лента за нејзино ставање во употреба, како иронија на зачестените кампањски активности на премиерот, Никола Груевски. Владата на Република Македонија денес се најде зад картонска ограда поставена пред оградата од ковано железо која деновиве се подига.
-Се собравме денеска за да ја потсетием оваа власт дека ние ги памтиме нивните злодела кои ги чинат изминативе девет години. Да ги потсетиме дека го држат својот народ како заложник во сопствената држава и да ги потсетиме дека нема да се откажеме од тоа да одговараат пред овој народ за тоа што го направиле. Сакаме да му порачаме на јавниот обвинител кој треба да биде избран во вторник кои се неговите обврски. Сакаме да го потсетиме каде им е местото на овие луѓе што денес ја водат нашата држава и што безмилосно газат по правата на сопствените граѓани и сакаме да ги потсетиме на сите млади животи што беа жртви на овој режим, да потсетиме дека не треба да се занемарат доказите кои ги имаме. Нема правда, нема мир! – истакна Симона Спировска, активистка.
Фото – А1он