„Канабис клуб“, „Зелена алтернатива“ и ЛДП: Потребна е суштинска дебата за легализација на канабисот во медицински цели

by Фокус 13:26
13:26

Единствената дебата околу легализацијата на канабисот во медицински цели треба да се води во насока каков закон треба да се донесе во Р.Македонија за регулирање на овој сегмент од здравствената заштита бараат граѓанските здруженија „Зелена алтернатива“ и „Канабис клуб“ како и младите на Либерално-демократската партија. Тие сметаат дека здравјето на граѓанинот секогаш мора да е на прво место и секоја друга полемика е излишна.

Основното прашање сега е што треба да потврди и регулира законот за легализација на канабисот за медицински потреби? Се поевидентни се доказите и истражувањата во светски рамки за лековитите дејства на канабисот. Затоа ја поздравуваме и подготвеноста на останатите политички партии и општествени чинители во Р. Македонија да се отвори дебата за легална употреба на канабисот за медицински потреби со строго утврдени правни механизами.

- Advertisements -

– Граѓанските здруженија ја информираат македонската јавност дека со оглед на тоа што септември е месец на конопот, наредните три викенди ќе бидат исполнети со различни настани како возење велосипед, коноп-фест и семинар со еминентни лекари и професори од странство, експерти на оваа тема. Воедно, ги повикуваме сите граѓани кои се поддржувачи на легализацијата на канабисот за медицински цели да се приклучат на првиот од низата настани: „ВЕЛО- ТУРА“ во организација на „Канабис клуб“, кој ќе се одржи во недела во Градски Парк „на школка“ со почеток во 12:00 часот – се наведува во соопштението на „Зелена алтернатива“ и „Канабис клуб“ како и младите на Либерално-демократската партија.

Поврзани новости