Самите земји треба да одлучат дали ќе дозволат осомничени лица да се најдат на пратеничките листи – вели британскиот амбасадор Чарлс Герет, на прашањето дали на избори можат да се кандидираат личности кои се обвинети за криминал како што е случај во Македонија.
– Различни земји имаат различни практики во однос на кандидирањето на личности што се обвинети за криминал. Во некои демократии е апсолутно возможно луѓе кои се предмет на истрага или кои се соочени со судење да се кандидираат на избори. Во други земји, тоа е невозможно. Тоа треба да го одлучат самите земји – изјави Гарет на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ организирана од „Мост“.
Коментирајќи го говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој на конференцијата на Унијата на жени ги критикуваше амбасадорите, Герет рече дека понекогаш испраќале тешки пораки, но со пријателски мотив.
Амбасадорот изјави дека во земјава е пратен како амбасадор на Обединетотот Кралство во Македонија за да ги претстави британските гледишта и политики и воедно критички настроен пријател на земјава.