ГЕРБ ќе се жали во Брисел за забраната за влез на Андреј Ковачев

by Фокус

Бугарија ќе им го претстави на властите во Македонија и на своите меѓународни партнери прашањето зошто граничните власти не им дозволија влез на европратеникот Андреј Ковачев, претседателот на фондацијата „Бугарско сеќавање“ д-р Милен Врабевски и уште тројца бугарски државјани на 6 мај на граничниот премин кај Ново Село.

Освен бугарското министерство за надворешни работи, се јави и партијата ГЕРБ на Бојко Борисов која преку соопштение наведува дека случајот ќе го претстави пред европските институции.

„На Ѓурѓовден, кога го почитуваме споменот на паднатите војници за нашата татковина, властите на Македонија го направија невидениот чин да не му дозволат на шефот на групата ГЕРБ-СДС во ЕПП, Андреј Ковачев, кој е и портпарол на групата ЕПП во Европскиот парламент одговорна за проширувањето на ЕУ и Западен Балкан“, напиша партијата во соопштението на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости