Георгиевски од Инфективна повика на сплотеност

by Fokus

Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, кој е позитивен на Ковид 19 и од пред два дена е хоспитализиран на Инфективната клиника преку Фејсбук синоќа се заблагодари за подршката која ја добива.

-Искрена благодарност за грижата до сите кои се јавувате и ми пишувате мене или на моето семејство. Со огромна посветеност и пожртвуваност на докторите и сите медицински лица се надевам дека секој од нас тука многу брзо ќе ја добие битката со коронавирусот. За жал, ги читам и малициозните информации и лаги кои некои портали ги објавуваат. Ве замолувам да не им се лутите и да не им земате за зло. Да останеме сплотени бидејќи само на тој начин ќе успееме како општество да ја добиеме битката со ова зло наречено коронавирус. Јас и понатаму ќе ги следам препораките на лекарите и ќе постапувам согласно нивните насоки. Општина Гази Баба и целиот тим продолжува тековно да функционира бидејќи потребите на моите сограѓани остануваат секогаш приоритет и за мене и за Општината. Ви благодарам уште еднаш и се гледаме наскоро!, напиша Георгиевски.

 

Поврзани новости