За недореченоста во Уставот за тоа кому треба да му се даде мандатот за состав на влада, виновни се СДСМ, коментира Љубчо Георгиевски на својот Фејсбук профил. Сепак вели дека сега мандатот им припаѓа ним, бидејќи во спротивно изборите ја губат смислата.
-Деновиве се спомнува само примерот кога претседателот Киро Глигоров два пати по ред им го даде мандатот на СДСМ. Не знам зошто се премолчува уште подрастичниот пример на кршење на Уставот од 1990 кога Киро Глигоров воопшто не го ни даде мандатот на победничката партија. Имено, тој побара четири кандидати за премиери,скоро два месеца ја блокираше Македонија и на крајот мандатот го даде на свој персонален кандидат господинот Никола Кљусев.
Така што не можам да не консатирам дека сите можни прекрашувања на Уставот ги има промовирано СДСМ.
Пишувачите на Уставот и недореченоста на член 90 исто така е дело на експерти од СДСМ дали од неписменост или е подметна за игри во времето кога беа мнозинство.Така и тука нема на кого да се лутат.
Но независно од горе наведените факти има нешто се нарекува дух на европската демократија, незабранета уставна логика која функционира во парламентарната практика. Според неа, мандатот треба да го добие СДСМ, а ако не успее, најмалку уште и ДУИ. Во спротивно предвремените парламентарни избори ја губат смислата, прво треба да го менуваме Уставот па да одиме на избори – напиша Георгиевски.