Скопјанка сама се породила чекајќи Брза помош, новороденчето мртво

by fokus 22:11
22:11

Скопјанка на возраст од 41 година, вчера сама се породила во својот дом, но новороденчето било мртво.

Вчера во 11.30 часот на жената, која била бремена во осми месец, и се слошило и почнала да крвари.

- Advertisements -

До доаѓањето на екипата од Итна медицинска помош, таа сама се породила во својот дом. Од страна на лекар била  констатирана смрт кај женското новороденче,  а жената била пренесена во Клинички центар на Клиниката за гинекологија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција.

Поврзани новости