973
„Длабоката држава“ во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу Бугарија и нашата земја, од бугарската страна никој не сака промена на Уставот на Северна Македонија, а ниту пак нов договор, изјави Љубчо Георгиевски во интервју за бугарската агенција БГНЕС, за време на неговата посета на Софија.
Георгиевски изјави дека југословенската историографија ја признала македонската нација како најмлада на Балканот, а, како што вели, Никола Груевски со антиквизацијата ѝ нанел тежок удар на земјата.
Георгиевски додава дека би било многу лошо ако Бугарија стави вето за Северна Македонија во Европската Унија.