Ахмети: Македонија и Косово имаат одлични соседски односи

by Фокус

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Собранието оствари средба со премиерот на Косово, Авдула Хоти, кој престојува во официјална посета на земјата. За време на оваа средба со Хоти, Ахмети рече дека Македонија и Косово имаат одлични соседски односи и дека секогаш ќе останат исти.

„Лидерот на ДУИ му честиташе на Хоти за постигнатиот договор во Вашингтон, кој го отвора патот за заемно признавање меѓу Косово и Србија и истовремено овозможува интеграција во НАТО и ЕУ, бидејќи тоа е единствениот начин што гарантира подобар живот за сите граѓани на Балканот, соопштија од ДУИ.

На крајот од состанокот, лидерот на ДУИвистакна дека Република Северна Македонија ќе ја поддржи Република Косово во спроведувањето на неопходните и важни реформи со цел да се поддржи владеењето на правото и правилното функционирање на косовските институции.

Поврзани новости