Ацевски: Дали јавноста се запрашала во какви услови работи Јавното обвинителство?

by Фокус 23:12
23:12

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за проблемите во работењето со кои се соочува Државниот завод за ревизија, но и Јавното обвинителство.

-Дали воопшто јавноста се запрашала во какви услови работи Јавното обвинителство? Ако земете да го прочитате конечниот ревизорски извештај за буџетот на државата, ќе погледнете состојби коишто се однесуваат на судската власт. Ако вие континуирано со години и давате помалку средства на судската власт, не обезбедувате доволно човечки ресури, не обезбедувате доволно човечки ресурси на Јавното обвинителство на ДЗР и на сите други органи коишто имаат одредена надзорна или контролна или инспекциска улога, како можете да очекувате резултати и да го дадат својот придонес? Дали знаете дека ЈО нема доволно истражители? Кога отвораме одредени прашања, мора да ги земеме прашањата комплексно, да погледнеме кои се вистинските причини – вели Ацевски,

Тој додавa дека ако ДЗР со две ревизии го утврдува и дава поврат на буџетот со 11,7 милиони евра, министерот за финансии треба да го одобри буџетското барање на ДЗР за дополнителни 10 милиони денари за 2021 за преземање на одреден број на вработени и за вработување на нови вработени.

Поврзани новости