589
Христијан Мицковски, генералниот директор на ЕЛЕМ, поднел барање за раскинување на договорот како надворешен соработник од областа за енергетика во претходната влада.
Мицковски поднел и неотповиклива оставка од член на Комисијата за спроведување на постапката за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас.
Тој се повлекува поради различните визии и концепти со новата влада на Зоран Заев.