413
Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, Кристијан Трајковски, одлучи неговата плата да остане 14.500 денари, а остатокот да го уплати во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19.
– Солидарноста, човечноста и хуманоста, но пред се чувството за одговорност, во овој период ни се потребни повеќе од кога било досега, вели Трајковски.