Генерал Морхаус: САД се подготвени да се борат во Вселената

by Fokus

Бригадниот генерал Џеси Морхаус од американската вселенска команда, огранокот на војската одговорен за вселенските операции, тврди дека руската „агресија“ и визијата на Кина да стане доминантна вселенска сила до средината на векот ги оставила САД „ да нема избор освен да се подготи за пресметка во орбитата“

„Ако треба, САД се подготвени вечерва да се борат во вселената. Доколку некој би им се заканувал на САД или на некој од нашите интереси, вклучително и оние на нашите сојузници и партнери со кои имаме договори за заемна одбранбена поддршка, ние сме подготвени да се бориме вечерва“, изјави Морхаус на брифингот во американската амбасада во Лондон.

Соочени со нова вселенска трка, САД, рече Морхаус, ќе продолжат да развиваат антисателитска технологија „не затоа што сакаме да се бориме вечерва, туку затоа што тоа е најдобриот начин да се спречи конфликтот“.

Тој додаде дека Америка ќе го направи тоа „без да се вклучи во неодговорни тестови“.

Русија и Кина, инаку, работат на вселенски бродови способни за антисателитски операции.

Во 2020 година, САД ја обвинија Русија дека лансирала проектил од еден од двата сателити кои следат американски шпионски сателит.

Во меѓувреме, Кина лансираше сателит со роботска рака способна да грабне други сателити и разви начин да постави експлозиви во погоните на ривалските сателити.

Според „Гардијан“, овие експлозиви се дизајнирани да останат неоткриени долго време, па дури и кога ќе се активираат изгледаат како најобичен дефект на моторот.

Поврзани новости