„Галија” и се извини на публиката во Скопје што чекала два часа, оти организаторот им кажал кога треба да излезат на бината

by fokus

Популарниот српски рок бенд ,,Галија” имаше концерт во Скопје, во СЦ Јане Сандански, во петокот. Во најавата за долгоочекуваниот концерт беше назначено дека почетокот на настанот е во 20 часот, но според бројните реакции на публиката, бендот излегол на бината во 22 часот.

На официјалната страница на ,,Галија”, бендот се заблагодари на бројната публика, но и се извинија поради недоразбирањето.

-Искрено им се извинуваме на нашите фанови, бидејќи дополнително дознавме дека концертот бил најавен во 20 часот, а нам организаторот ни кажа да излеземе на бината во 22 часот.
Сметаме дека е недозволиво да се чека настапот на ,,Галија” полни два часа, благодарни сме и на публиката која трпеливо не чекаш и ветуваме нови концерти во Скопје наскоро – објавија од бендот.

На страницата на организаторот Евент Груп, каде гости прашуваат зошто доцни концертот, од организацијата се извинуваат за пропустот, но напоменуваат дека почетокот на настанот бил во 20 часот, кога се отворале вратите, и ќе траел до полноќ, а нормално било бендот да почне покасно, како на секој концерт.

-Се надеваме дека одлично си поминувате и дека чекањето вредело – одговараат од Евент Груп на критиките од посетителите.

Инаку, влезниците за ,,Галија” се продаваа по цена од 700 и 900 денари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости