Адвокатот Ѓоко Гажоски за „Фокус“ вели дека според него, пресудата од девет години затвор за Ѓоко Поповски во случајот „Триста“ е соодветна, со оглед на околностите и причинетата штета на државниот буџет.
-Според мене ефективната казна затвор е соодветна, со оглед на тоа што истиот е прогласен за виновен, според член 353 став 1 во врска со став 5 бидејќи го сторил кривичното дело при вршење на јавна набавка на штета на средствата на буџетот на Р.М. Е сега во став 5 стои најмалку 5 години , а нема горна граница. Па водејќи се од сите околности сметам дека е соодветна.
А во однос на генералната превенција упатува јасна порака, бидејќи во иднина сите високи државни функционери ке бидат внимателни при нивното постапување и ќе се однесуваат како добри домаќини со средствата на државниот буџет, вели Гажоски.
Сепак, тој предвидува дека Апелациониот суд по жалбата на бранителот на Поповски ќе ја намали висината на ефективната казна затвор.
К.С.