Владата формираше работна група за отстранување на линданот од Охис, за три месеци ќе понуди можни решенија

by fokus

Владата во рамки на 69-та седница формираше работна група за изнаоѓање на можно решение за проблемот со линдан во АД ОХИС, донесе фискална стратегија 2019-2021. Групата составена од генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, министерот за животна средина и просторно планирање  Садула Дураку и министерот без ресор Аднан Ќахил. Оваа работна група во рок од три месеци треба да ја информира Владата за можните решенија на овој долгогодишен проблем.

Министрите на денешната седница ја разгледаа и ја усвоија информацијата за потребата за спроведување на повеќегодишна јавна набавка за избор на независна ревизорска куќа, за потребите на Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10 финансиран по пат на заем од Европската банка за обнова и развој. Постапката за склучување на повеќегодишниот договор треба да ја спроведе Министерството за транспорт и врски, кое во исто време треба да ги обезбеди потребните средства за плаќање на преземените обврски, во рамките на максимално утврдените лимити за расходи за 2019 година и 2020 година.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, денеска Владата ја донесе Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2018-2021 година, како и уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка.

Поврзани новости