Гаши пред средбата со Заев: Битен е концептот, не ресорите

by Фокус

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, пред денешната средба со премиерот Зоран Заев истакна дека нивната партија е подготвена, како што рече, да помогне ако успејат да изградат „нов концепт“.

-Ќе видиме со премиерот и неговите сегашни партнери каков е нивниот концепт и што очекуваат од нашиот придонес во идната влада. Ако успееме да изградиме нов концепт, поголеми промени, Алтернатива е подготвена да помогне – истакна Гаши.

Тој додаде дека распределбата на ресорите за нив е секундарна работа, но, како што истакна, сите ќе треба да покажат подготвеност во рамки на овој процес.

Поврзани новости