696
Претседателот на опозициската Алтернатива Африм Гаши на ТВ21 посочи дека Албанците сакаат да им помогнат на нивните сограѓани Македонци во делот на заштита на идентитетот, јазикот и културата.
-Затоа се спремни да помогнат. Но, кога веќе власта не побарала никаква помош од нас, тоа го сметаме дека не сакаат да не вклучат во овој процес – истакнува Гаши.
Тој посочи дека власта воопшто не ги консултирала околу спорот со Бугарија и воедно побара да се организира лидерска средба.
-Треба да се собереме заедно, да создадеме консензус, да ги разгледаме сите опции заедно и да донесеме заеднички одлуки. Власта има 62 пратеници, опозицијата има 58 пратеници и не може опозицијата да биде настрана од ваков голем процес – порача Гаши.