Понудите се испратени и чекаме деновиве да се финализира договорот за реконструкција на Владата, тврди премиерот Зоран Заев, осврнувајќи се на вчерашните средби со ДПА, Движењето Беса и фракцијата на Африм Гаши. Тој додаде дека преговорите за зголемување на парламентарното мнозинство ќе продолжат со малите политички партии, кои сакаат да се приклучат и кои за неколку дена ќе ја имаат понудата.
Неофицијално, ТВ21 дознава дека фракцијата од тројца пратеници на Движење Беса, добила понуда Африм Гаши да застане на чело на Министерството за образование.
Од внатрепартиски извор на ДПА,пак, се дознава дека Бардил Даути може да застане на позицијата вицепремиер во Министерството за спроведување на реформите. Но засега ниту една од овие партии не ги потврдува информациите, како што велат, сѐ додека предлозите не бидат изнесени пред централните раководства и не бидат потврдени во владиниот кабинет.