БПЦ: Ќе сториме се што можеме да им помогнеме на нашите православни браќа во Македонија

by fokus

Подготвени сме да сториме се што можеме и што е во согласност со светите канони на светата Црква за да им помогнеме на нашите православни браќа во денешна Македонија, пишува во посланието на Синодот на БПЦ по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија.

Во посланието се вели дека историските судбини на земјите во кои живееме во регионот денеска се различни во споредба со минатитие државни и црковни реалности. Различни општествено-политички процеси низ годините доведоа до формирање нови држави и нови помесни православни цркви, пренесува БГНЕС.

„Она што продолжува и денес да не обединува сите нас, без исклучок, е нашата православна христијанска вера. Она што и денес продолжува да не сплотува е светата и маченичка Православна црква. Тоа беше и причината и нашата главна побуда да ја прифатиме улогата на посредник, предложена од македонска страна, да ги преземеме неопходните и сите можни чекори и дејства пред останатите братски православни цркви за решавање на канонскиот црковен статус на Православната црква во Република Македонија, која повеќе од половина век страда од наметната црковна изолација”, пишува во посланието од Синодот на БПЦ.

Во тркстот се додава дека дел од проблемот за статусот на Православната црква во Република Македонија е и прашањето за историската судбина на Бугарската Охридска архиепископија која постоела во минатото.

„Истовремено, во врска со одбивањето на БПЦ да учествува на прославата што се одржа на 27 и 28 мај во Охрид, кдо БПЦ беа упатени незаслужени критики, дурии обвинувања за предавство, кои, независно дали биле резултат на неразбирање, донесоа неопотребна горчина за целата наша Црква”, стои во посланието на БПЦ, потпишано од патријархот Неофит и од сите митрополити.

Поврзани новости