Гаши како лидер на БЕСА се сретнал со амбасадорот на Британија, Чарлс Гарет

by fokus

Претседателот на едно од крлата на Движењето БЕСА, Африм Гаши се сретна со Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет.

На средбата се разговарало за политичката ситуација низ која поминува Македонија.

„На оваа средба претседателот Гаши ја нагласи конструктивната улога што ја имаше Движењето БЕСА низ целиот овој политички процес, која беше во функција на стабилизацијата на земјата и евро-атлантската агенда. Исто така претседателот Гаши нагласи дека БЕСА ќе продолжи да постојано да придонесе за благосостојбата на граѓаните и аспирациите за зачленување во НАТО и ЕУ.“, стои во соопштението.

Инаку, Гаши продолжува да оди на средби во име на Движењето БЕСА, иако Основниот суд Скопје 2 претходно го отфрли барањето на неговото крилото тој да биде лидер на партијата.

Во меѓувреме, Билал Касами, кој според одлуката на судот остана лидер на БЕСА, преговара со премиерот Зоран Заев за влез во владината коалиција.

Поврзани новости