Делови од Чаир, Гази Баба и Бутел утре без вода

by Fokus

Корисниците од населбите Гази Баба, Чаир, Кале, Топанско Поле, Скопје Север, Бутел 2, Железарница и високата зона Автокоманда утре од 9:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на затворач на водоводна мрежа со пречник 300 милиметри на улицата „Цветан Димов“ бр. 155.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршувањето на интервенцијата од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација “ Скопје.

Поврзани новости