Гаши имал бенд „Празни џебови“

by fokus

Кога бев помлад формирав бенд којшто се викаше „Празни џебови“, во политиката не сум за полнење џебови, рече лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на денешната прес-конференција на која со лидерот и премиер во оставка, Зоран Заев го официјализираа влезот на Алтернатива во Владата.

На прашање што ќе каже сега збунетиот албански гласач кога тој „договорил да си ги наполни џебовите партиципирајќи во централната власт“, а веќе кажа дека на локално ниво ќе соработува со Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ, Гаши одговори:

-Јас како млад учествував во формирање бенд ‘Празни џебови’. Не го сметам влегувањето во политиката за полнење џебови. Се додека така мисли јавноста, успех нема да има, рече Гаши.

Поврзани новости