Гарет: Мислам дека изборите на 11 декември ќе се спроведат

by fokus

Британскиот амбасадор Чарлс Герет денеска изјави дека изборите закажани на 11 декември се многу важни за Македонија.

-Не би го искористил епитетот оптимист или песимист во врска со моите предвидувања за изборите, би рекол дека сум многу задоволен што се постигна договор. Онаа придавка што јас би ја искористил во врска со изборите закажани за 11 декември е дека се многу важни за Македонија и навистина мислам дека ќе се спроведат, рече Гарет.

Британскиот амбасадор ова го изјави по потпишувањето на меморандум за соработка меѓу владите на Обединетото Кралство и Република Македонија со министерот за правда Валдет Џафери.

Поврзани новости