Гарет: Британија е силен поддржувач на Македонија

by Fokus

Британија е силен поддржувач на Македонија од нејзината независност до денес и искрен пријател на земјата, а тоа ќе продолжи и во иднина, изјави британскиот амбасадор Чарлс Гарет на синоќешниот прием по повод прославата на 90-от роденден на кралицата Елизабета Втора.

„Македонија стана земја-кандидат за членство во ЕУ во рамките на Британското претседателство во 2005 година. Оттогаш наваму заедно работевме за да го зајакнеме граѓанскиот сектор, да изградиме врски во одбраната. Работевме заедно за да ја зајакнеме независноста на медиумите, да создадеме успешни економски и инвестициски активности во Македонија, и да зајкнеме многу други релации“, рече Гарет.

Поврзани новости