Се стега обрачот околу политичките емисари

by Fokus

Разни докази за притисоци врз судии со наложување како да постапуваат по барањата на Специјалното јавно обвинителство, наскоро ќе посведочат кој и како ја опструирал неговата работата и како го компромитирал судот, пишува Дојче Веле.

Според информациите на медиумот, меѓу доказите имало дури и писмени инструкции, во кои било наведено како треба да гласи судската одлука. Според информациите, дефинитивно се стега обрачот околу лице/лица во судството, кои наместо да се залагаат за независно постапување на судиите, најдиректно спроведувале политички нарачки, со цел да заштитат некои од лицата осомничени во предметите на СЈО.

„Не мора да сте судија, за да знаете што се случува во однос на некои предмети, a во кои се инволвирани звучни имиња. Некои одлуки целосно ги демаскираат состојбите и навестуваат ‘од каде дувал ветрот’. Но, не ќе може до бесконечност да се вршат такви влијанија. Веројатно, ова се последните грчевити обиди за нечија заштита и за купување време, односно пролонгирање на состојбите“, велат во судски кругови.

Тие немаат дилема по прашањето од која „адреса“ во Судот доаѓаат налозите и притисоците.

Поврзани новости