Бремените жени и хронично болните лица денеска и утре да не одат на работа

by Fokus

Бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години овие два дена да бидат ослободени од работни обврски, а работодавачите да го реорганизираат работното време во насока на избегнување на активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, информираат од министерството за здравство.

-Потсетуваме дека е потребно граѓаните од цела држава да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица – информираат од МЗ.

Поврзани новости