(Галерија+видео) Осомничените за случајот со Гостивар спроведени во Обвинителство на распит

by irena 12:10
12:10

Тројцата осомничени раководни лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар денеска беа спроведени во Основното јавно обвинителство – Гостивар на распит, во рамки на истрагата за контаминацијата на водоводниот систем и епидемијата на стомачни инфекции во градот.

Осомничени се вршителката на должност директор на ЈП „Комуналец“ Артана Асани, техничкиот раководител на Секторот за технички работи Леон Нуредини и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи Вадедин Дервиши. Тие се товарат за кривично дело „Тешки дела против животната средина и природата“.

Обвинителството претходно отвори истражна постапка против тројцата, кои се сомничат дека при тестирање на притисокот во водоводниот систем без соодветни одобренија поставиле потопни пумпи преку кои вода од отворен канал била внесена во системот за водоснабдување.

Според досегашните информации од истрагата, на овој начин дошло до мешање на површинска вода со водата за пиење, а лабораториските анализи покажале значително зголемени вредности на колиформни бактерии и други микробиолошки показатели.

По сослушувањето, се очекува Обвинителството да донесе одлука дали ќе побара определување мерки за обезбедување на нивното присуство во понатамошната постапка.

Истрагата за случајот продолжува, а надлежните институции паралелно спроведуваат дополнителни анализи и инспекциски контроли за целосно утврдување на причините за загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар.

Орце Костов и Зоран Фиданоски

Слични вести