464
Демонстрантите на кои им се придружи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, предмалку стигнаа пред Владата. Претходно, полицијата ги спречи да го изразат своето незадоволство пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Полицијата не беше толку заштитнички насторена ниту кон канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов од каде започна протестот и каде незадоволните граѓани фрлаа јајца кон просториите кои се државен имот.