ГАЛЕРИЈА Почна протестот „Сонувам за хумано утре“: Еутаназија на глупави идеи

by Fokus

Почна протестот „Сонувам за хумано утре“ каде граѓаните ќе го кренат својот глас за да создадат хумано општество во кое живеат не само луѓето, туку и сите останати живи суштества.

Тие со транспаренти во рацете бараа од надлежните конечно да започнат со примена на хуманите методи до трајно решение на овој проблем – секое животно да има свој дом!

„Се соочуваме со инстутиционална краткогледост и осуда на програмата ЗАЛОВИ-СТЕРИЛИЗИРАЈ-ВРАТИ не земајќи го предвид фактот дека никогаш не била спроведена квалитетно и во целост. Темпото на работа на нашите стационари нема никогаш да ја стигне природната прогресија на уличните животни, ОСОБЕНО ако не се применат и другите мерки што со години наназад ги предлагаме. Ние, граѓаните и членовите на сите здруженија на територијата на РМ, викаме ДОСТА е со третирање на симптомите!

Бездомните животни во Македонија би се ставиле под контрола во период од само неколку години ИСКЛУЧИВО ако во секој град/општина:
1. Стационарите се под раководство на активисти за заштита на животни со задржано финансирање од градот/општината
2. Се комплетира Регистарот на сопственици на миленици
3. Се комплетира Правилникот за одгледувачници
4. Се изработи Регистар на одгледувачници кои ќе плаќаат уредно данок со што ќе се спречи да работат на црно притоа зголемувајќи го бројот на бездомни животни во градот
5. Се спроведува ригорозен инспекциски надзор со највисоки казни за секој нерегистриран или напуштен миленик
6. Градот/општината преку Советот усвои одлука за оданочување на сопственици со репродуктивно способни миленици
7. Градот/општината преку Советот усвои одука за субвенционирање на сопственици кои сакаат да го стерилизираат/кастрираат својот миленик
8. Министерството за образование и наука, во соработка со АХВ, градот, сите општини и останатите поврзани институции спроведе масовна едукација во двете задолжителни нивоа на образование за одговорно сопствеништво и вдомување наспроти купување миленик – се наведуваше во повикот до граѓаните.

Поврзани новости