886
Голем број граѓани излегоа на скопските улици за да ја прослават победата на Македонија над Грузија, со која македонската фудбалска репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство.
И покрај апелот на министерот за здравство Венко Филипче да се слави со почитување на препораките за заштита од ковид 19, сепак, дел од луѓето не носеа маски, ниту се држеше потребната дистанца.
Дел од декорот беа македонските знамиња, а не изостана ниту употреба на пиротехнички средства.
ФОТО: Томислав Георгиев