409
Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ се всели во нови простории. Директорот на претпријатието Саша Богдановиќ вели дека ова не се обични канцеларии, туку простории каде што се креира политиката за добробит на граѓаните.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, посочи дека претпријатието пред локалните избори во 2013-та беше синоним за некој што работи со загуба.
– Смело влеговме во обврската и предизвикот да го средиме ова единствено јавно претпријатие во општина Центар. Деновие, често слушам дека “има разлика“. И точно е дека има. Претпријатие кое наплатуваше паркинг и имаше долгови, сега со бесплатен паркинг работи подобро – истакна Жерновски.