НДП: Изборните манипулации се со 400 илјади фиктивни гласови

by Фокус

Изборниот законик има потреба од темелни измени и сугерира дека работната група за измени и дополнување на изборниот законик треба да ги има предвид сите препораки за квалитетни измени на изборниот законик. Сите барање и пепораки се базираат на сериозната анализа од НДП, и кои се дел од препораките на меѓународните организации за мониторинг на избори како ОСБЕ-ОДИХР. Прво треба да биде извршено чистење на избирачкиот список, со кое ќе се спречат манипулациите на владеачките партии со изборниот процес, како и создавање на еднкави услови за политичките партии во изборната трка, кој досега биле проблем за многу изборни циклуси каде се прават манипулации со над 400.000 фиктивни гласови кои фигурират во изборните листи, велат од Националната демократска преродба.

Тврдат дека самата контрола над изборниот процес, и наоѓање на меканизми за спречување на изборните манипулации, каде што на учесниците во изборниот процес ќе и се овозможи максимална контрола за елиминација за сите сомнежи.

„Треба да се измени и моделот на избори, каде што од шест изборни единици неравноправни досега, и да се оди со една изборна единица со отворени листи. Тоа ќе придонесе за демократизација на општеството и на политичките партии, и би било пореален израз на политичкиот и етнчки колорит во земјава. За НДП ќе биде прифатливо и мнозински изборен модел со пропорционална поделба на изборните едници, но ова ќе беше штетно за застапеноста на помалите етнички заедници. Сегашниот актуелен модел на гласање на дијаспората треба да се анулира, заради големата дискриминација на дијаспората, и истата е во спротивоност со уставот на земјата, каде што пратениците не се рамноправни со гласовите ште се бараат за пратеник во земјата“, велат од партијата

Поврзани новости