Во организација на ЗНМ и ССНМ новинарите денеска излегоа на протестен марш од Владата до Собранието од кој порачаа дека нема да молчат на понижувачкиот и потценувачки однос од владините функционери.
-Законите важни за медиумите не се спроведуваат, владините функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, а државниот пи-ар ја зема работата на новинарите снимателите, фоторепортерите, Владата создаде најголема редакција во државата, порача претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.
Новинарите до Владата доставиле акциски план со точки и рокови за реализација на барања:
-Обезбедување услови за квалитетена и безбедна работа
-Достоинствени плати
-Имплементација на законите важни за медиумската фела и за независно работење на Јавниот сервис
ФОТО: Томислав Георгиев