Крушево во изминатите неколку години беше домаќин на многу натпревари во параглајдерство и змејарство.
Неколку лета наназад, најпознати светски параглајдеристи беа гости во Крушево, уживајќи во природата и убавото место за полетување од каде се гледа голем дел на Пелагонија.
Сепак, оваа година, сите натпревари се откажани поради состојбата со корона вирусот, но тоа не ги спречува љубителите на адреналин да летнат на небо.
Во склоп на фестивалот „When in Krushevo“, оваа година има помалку пријавени учесници, а дел од нив до 10 август ќе летаат во тандем со поискусните во овој спорт.
Освен пријавените учесници, овој период летаат и рекреативците, со почитување на протоколите и носење на заштитна маска.
Во текот на изминатото лето, секој ден на небото над Крушево имаше по околу 150 летачи, не вклучувајќи ги и рекреативците, кои секој слободен простор го користеа за полетување.
Јорданчо Цветаноски
Фото: Томислав Георгиев