Казни и кривична одговорност за компаниите кои ја злоупотребија државната помош, најавува Лукаревска

by Frosina Fakova

Казни, но и кривична одговорноста за компаниите кои ја злоупотребија државната помош, најавува директорката на УЈП, Сања Лукаревска во гостување на ТВ 24. Се разгледува и опцијата парите да се даваат директно на работниците.

Во вторник на седница на Владата ќе се донесат следните чекори кои што ќе бидат преземени против фирмите и работдавачите кои ја злоупотребиле државната помош и листата ќе биде доставена до Јавното обвинителство, што значи дека ќе се преземат сите неопходни мерки, вклучувајќи и кривична одговорност.

Лукаревска не можеше да потврди дали останува прв даночник или пак пратеник, вели тоа ќе го реши мандатарот односно премиерот.

Поврзани новости