Само Пехчево и Валандово немаат ниту еден заразен со корона

by Frosina Fakova

Со денешните 166 новорегистрирани зарзени со корона вирус, во Скопје има 1.372 активни случаи, најмногу во земјава, а Пехчево и Валандово се единствените два града во кои нема ниту еден активен случај.

Со заболени од Ковид-19 се борат и Штип каде има 428 активни случаи, Куманово, со 263 случаи, потоа Гостивар со 269,  Тетово со 237, Струга со 202 и Свети Николе со 165. Над 100 случаи имаат уште Дебар – 118 и Кичево 105, додека во другите градови има помалку активни случаи на заболени од Ковид-19.

Поврзани новости