1K
Во Крушево вечерва е илинденската прослава по повод утрешниот празник, 2 Август – Илинден.
Посетеноста на платото на Гумење е значително мала, нешто што се случува во изминатите десетина години.
Околу 2000 луѓе вечерва се присутни на прославата за овој празник, најзначаен за градот Крушево. Свое обраќање вечерва имаше и крушевскиот градоначаник, Томе Христоски, кој во најголем дел од говорот, кажуваше за реализираните проекти во изминатите три и пол години.
Ј.Ц.