Во земјава има 588 активни случаи на Kовид-19, најмногу во Скопје – 183

by Fokus

Бројот на активни случаи на заразени со ковид-19 во Македонија изнесува 588, информира Министерството за здравство. Најмногу активни случаи има во Скопје – 183, следуваат Тетово со 149 и Куманово со 71 активен случај.

Според епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по останатите градови е следна: Гостивар 45, Битола 25, Струмица и Дебар по 17, Кичево 16, Прилеп и Охрид по 11, Струга 7, Велес, Кочани и Валандово по 5, Кавадарци 4, Штип, Свети Николе, Радовиш и Берово по 3, Гевгелија и Пехчево по 2 и Делчево 1.

Поврзани новости