ГАЛЕРИЈА: Еве што се случуваше денеска во Ѓорче Петров

by lali

Во Ѓорче Петров денеска денот беше крајно тензичен, со голем број инциденти и тепачки.

Толпата млади луѓе најпрво се собра во паркот во Ѓорче Петров. Најголемиот дел од нив беа малолетни лица. Протестите околу 18 часот течеа мирно, иако имаше бројни националистички извици и пароли. Лицата прво се упатија кон куќата на загинатото момче Анѓел Петковски, каде што запалија свеќи.

Подоцна, ситуацијата почна да ескалира. Младите почнаа да фрлаат камења кон бројните полициски екипи, на што им беше возвратено со флеш бомби. Следуваа приведувања, а полицијата, откако ја разби толпата, со влечење по земја ги прибираше приведените во полициските комбиња. Кога изгледаше дека ситуацијата конечно ќе се смири, толпата повторно се активираше. Во целост беше демолирано  казиното „Сенатор“. Толпата влезе во казиното и почна да вади и да пали се што ќе најдеше внатре: пијалоци, маси, столици, компјутери, фискалната каса… Полицијата стоеше на стотина метри од толпата без да реагира. Околу 22 часот, екипите на ЕБР и алфите почнаа да го расчистуваат теренот.

Фотографиите што ги направи екипата на Фокус сведочат за случувањата од овој тензичен ден.

Забрането е преземање на фотографиите без дозвола од редакцијата на Фокус

Поврзани новости