Во Ѓорче се демолира казиното „Сенатор“

by Фокус 22:01
22:01

Како што јавува репортерот на „Фокус“ во моментов дел од демонстрантите во Ѓорче масовно го кршат казиното „Сенатор“, ги изнесуваат пијачките и мебелот. На улицата се запалени контејнери, ако кога дошло противпожарното возило – го избркале и полицијата не може да им се приближи, припадниците на МВР се на околу 100 метри од случувањата.

Момчињата во „качулки“ вадат компјутери и ги фрлаат во огнот на улица сосе другата опрема и не дозволуваат да се фотографира.

- Advertisements -

Група од стотина, претежно момчиња се собраа во 18 часот револтирани од вчерашното убиство на матурантот Анѓел Петковски.

Поврзани новости